вера (имн.) - на (предл.)

Турците останувале рамнодушни кон јазиците, обичаите и верата на другите балкански народи. Турцизмите не биле наметнувани насилно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш продолжив, сеќавајќи се на еден запис на преродбеникот Фаик Коница за Верата на албанците, во кој се цитира искажувањето на лејди Мери: - Таа вели дека од сите вери што ги запознала, верата на Албанците, ѝ се чинела најнеобична.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, стане­те браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев крајно изненаден од неутралниот и реален пристап на А.А. кон православната вера на Албанците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прво, кој е најголемиот мудрец, второ, кој е пророк над пророците и, трето, која е најдобрата вера на светот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја крчмам на мало својата вера на пагани.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Потоа новата гранична линија ја предизвика Отоманското Царство, кога едни ја задржаа старата вера по цена да го минат Јадранското Море и да заминат во други земји, по цена на создавање неколкувековна граница со предците кои останаа во земјата, и по историскиот отпор, голем дел ја прифатија верата на освојувачот, создавајќи нова граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)