Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Макар што верата си беше јасно одвоена од државата, а уште повеќе од владејачката идеологија која, во периодот на сталинизмот, пропагираше и апсолутен атеизам, Афз Идриз, како мудра и умерена личност, со толерантен однос кон лаицизацијата, умееше вешто да се одржува меѓу муслиманските верници кои, главно, ги населуваа руралните области на Републиката.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)