Квечерината, кога ќе се вратело миризливото ветре во дворот, опрашено од поленов прав и полско билје, а со него ќе исчезнела реата од купечки мириси и нечистотии, таа повторно се миела за да го симне валканото од себе, повторно ќе влезела во молкот манастирски и шепотно молитвела и го молела Светиот Дух за спасението човечки и преображението свое: Свет Духу, во мене влези, засолни се, со светлина озари ме, со ангелска лика надари ме, ангел стори ме, во ангел престори ме. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Малку подзамижав од сончевиот блесок и така мижејќи сетив дека баш од насоката на малото бранче дувна едно жешко ветре во едрата на роднокрајните песни.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Мраморно Море, 94 совршената Не е маѓесна Оваа светлина Што те полева Што те гали Туку, Се-те-на-та Онаа што прелева Над колковите твои А јас ја нареков Со-вр-ше-на-та. цвет На цветот му нема спас: Полуде по кожата Од твојата Дланка. насмевка Тивко Ветре Во сонот На Ангела. тело Твоето тело: Ужасот За честичките Во моето Око. облаците На Л.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)