Тие го изразуваа и нашето одбивање да си врвиме кротко, да отстрадаме тргајќи си го страдањето надвор од видокругот на јавноста, да си ја криеме сексуалноста, врските да си ги ставиме в плакар, а на угнетувачите да им гледаме низ прсти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше ужасно опасно да им дозволиш на мислите да ти лутаат додека си на некое јавно место, или во видокругот на телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го симна ранецот од рамото на Томо малку подалеку од видокругот на другите екскурзијанти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прелесно сум излегол од нивниот семеен стратегиски видокруг на спасот на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чувствував длабоко во неа дека тивко ме прекорува што пресилно и пребрзо сум ја предизвикал големата Историја, за која и Татко би имал поздржан однос.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)