Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Потоа пак копавме во влажната визба и го баравме влезот на подземниот свет.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го земав клучот од визбата, и чантата ја земав за на училиште, повтор да не се качувам нагоре и се стрчавме наудолу.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Куќата е многу важна, најважен дел од куќата за невестата се визбата и огништето, каде што се чува и каде што се готви храната, или пак така започнал обичајот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)