Не го направивме во твојата соба на креветот со балхадин на кој што ти тогаш спиеше и каде си спиела како дете, ниту пак на задното седиште на ’рѓосаниот Рамблер на татко ми што мирисаше на пушени кленови и колбаси кои што тој на викендите ги разнесуваше од месарницата на чичко ми Винсент.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не го сторивме ни во Бјуик Осумката на мајка ти каде што бројаница се обвиткуваше околу ретровизорот како монистрена црна змија со сребрени канџи во форма на крст.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)