Забележав, исто така, дека еден заб десно напред на долната вилица му паднал, а другиот до него беше половинка, црн и шуплосан.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Долната вилица му е аглеста; впечатлива и оддава решителност.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Сигурен ли си?“ му викна бегот. „Погледни го убаво ако бараш дерман.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не знаат но виѓаваат: на паднатиот Тони долната вилица му се откачува и морничаво закрцкува под топукот на еден од нив двајца.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вилиците му штракаат и дишењето му е тночко, плитко, разредено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)