Виното беше испиено. И во оној предел, кога се топат од виното разиграни мртвите линии, Кочо се занесе и ја обгрна сета со поглед.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пред неколку години при копањето на темелите за да се прошират манастирските конаци, се најде ќуп со вино убаво запечатен со глина: виното беше густо како мед; мајсторите што ги градеа конаците, им рече отец Серафим, а и калуѓерите, земаа по една лајца, го раствораа во шише со вода и пиеја; тоа делуваше опојно и им се чинеше дека лебдат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)