Постојат, демократи, други времиња и обичаи
има вистини кои не се кажуваат во дијалог
на гозба и оргија, при муслини и мириси
од етерични масла и прележани вина
има вистини кои не се питки и питоми
вистини сами од себе кои вреват
вистини за преврат
за народ, аристократи
и пците веќе знаат
и глувците осеќаат!
__
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од некоја причина, тој секогаш си замислуваше дека виното има интензивно сладок вкус, како вкусот на џем од капини и непосредно опијанувачко дејство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ела сега кај што те водам јас. Да видиш овде што вино има! Она горе пет пари не чинеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа не имплицира ни дека виното има исто значење и иста вредност за сите припадници на француското општество.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)