Потоа за миг стивна, почнаа наведнати да се договараат, го испратија келнерот до нас со порака или да појдеме или да дојдат, а Живко и без посредство на келнерот да ни се придружат, па тие сосе чашите и шишето вино седнаа со нас уште на една маса што ни ја припои кленерот, и се разбира, потоа се створија уште неколку шишиња, кои келнерот ги носеше само на еден намиг.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)