Реалноста е уште посурова ако се има предвид дека голем број граѓани се дел од „сивата економија“, која 33 г) исто така, за прв пат, изречно се предвиде дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеци последователно, имаат право да покренат иницијатива, пред надлежен суд, за престанок на работодавачот (пр. стечај) – чл. 67, ЗРО/05; д) не се даде доволен аргумент зошто е избришана одредбата која предвидуваше дека на работникот му припаѓа зголемена плата за работа во деновите на празници во кои не се работи, за ноќна работа и за работа подолга од 40 часа во работната недела, во висина утврдена со колективен договор (чл. 82, ЗРО/03 – Пречистен текст); ѓ) според ЗРО (1993) работниците имаа право на надоместок на плата за време на прекин на работа до кој дошол без нивна вина – на пример, при недостаток на енергија, суровини, репроматеријали или отстранување дефекти – но, висината на надоместокот не беше утврдена (чл. 73, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Па така, со оваа измена наместо дотогашниот износ на глобата од 6000 до 7000 евра за работодавачот, се предвиде дека доколку работодавачот во рок од седум дена, не му исплати минимална плата на работникот во висина утврдена според одредбите од овој закон, ќе му биде изречена глоба во износ од 8000 до 9000 евра, додека за одговорното лице во правното лице наместо дотогашниот износ на глобата од 3000 до 4000 евра, по ново е предвидена глоба во износ од 4000 до 5000 евра.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)