Ја бришев влагата собрана на прозорското стакло, создадена од нашите дишења, а не си ги бришев солзите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Гледав низ прозорецот кон улицата, или пак во одразот на својот лик во прозорското стакло, и си ги повторував зборовите на мама: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)