влакно (имн.) - во (предл.)

Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа не е проста игра на зборови или барање влакно во јајце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега можеа да се забележат и влакната во неговите ноздри. „Го викаш ли Исус заради оној сектант што го ловевме минатиот месец?“ праша со задоволство. „Заради него“, потврди првиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од тоа што го гледа процесот на стареење на моето лице (и тело)?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зборувавме за случки и луѓе од студиите, кои, независно еден од друг, ги познававме – овој има нафрлено неколку килограми и станал амбасадор во Грција, оној по некое бело влакно во косата и работи (релативно добро) како приватен книжар, згодната Гордана со уште позгоден глас понекогаш ја сликаат на насловните страници по ТВ-додатоци по весници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чекореше со една изострена готовност во секој свој долг и рамен чекор, сеќавајќи го сега наеднаш во сета негова полна стопленост и понесеност потсветнувањето на секое влакно во своите мускули.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Грета: Тоа и не е некој проблем. Треба само гостите да ги натерате да пуштаат вода и НЛО мувите ќе си заминат на својата планета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А пронајдов и влакно во кафето. Тоа е непростиво.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАРИЈА: Имаш влакно во грлото.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Најпрвин му се појавија неколку бели влакна во косата. Потоа и на брадата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Огнот му ги подгорува мустаќите, па дури и влакната во носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)