власт (имн.) - кој (зам.)

Едгар Морен, оваа состојба на месијанска идентификација на вечниот суверен со правото на владеење над судбината на народот, овој вид на делириум во владеењето, го толкува како нарушена психолошка визија на суверенот, блиска до митската интерпретација на власта од страна на вечниот владетел, особено во годините на залезот на животот, кога конечно смета дека власта која ја има му иде од далеку и оти му е доверена од бога и дека само пред него треба да одговара!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жителите на Потковицата беа уверени дека Тахир бег и Максим Акиноски рекоа така само за да ги одбранат Јанческите од властите кои почнаа да доаѓаат дури од Прилеп и да душкаат околу нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа Пискулиев повеќе го следеше стражарот на коњот, што беше непосредно придаден кон нив, прв истурен претставник на власта која еве најде за сходно да го привлече и него под своја присмотра.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сигурно и тој беше дел од големата неподвижна протоплазма на власта која ја движеше инертната идеја на Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите мои белешки, корисни адреси на лица и фирми, каде што можеше да се инвестира, да се одржуваат и прошират старите пријателства завршија како куп безвредни, пожолтени ливчиња, feuilles mortes, како што би се рекло на француски јазик, коишто времето ги ослободи од првичното значење. Се помирив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беа дојдени, некои други луѓе во власта кои не почитуваа институционален континуитет како и во други земји во транзиција на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)