Целото негово внимание беше свртено кон овој рид.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Моето внимание беше најмногу насочено кон отоманскиот период.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа внимание беше приклучено и ускладено со ова што се случуваше така како да е тоа нешто на кое тој одамна навикнал.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што и да работеше, дел од неговото внимание беше свртено кон звуците на планината, кон шумолењето на дождот, настојувајќи од тие звуци да издвои и некој поинаков звук, што ќе го најави доаѓањето на неговите од село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Парсонс, чие внимание беше привлечено од знакот на трубата, седеше слушајќи со подзината сериозност, нешто како побожна здодевност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Всушност сето мое внимание беше сосредоточено на неговото однесување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)