Водата тече со една страотна сила.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Добро се сеќаваше на тој ден, раскиснат, мокар ден, кога водата течеше по прозорското окно, а светлината во собата беше премногу матна за читање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не пеј песната страдална - в гората капат лисјата. водите течат - ронат брег и влечат млади јасики.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Покрај ниви, покрај лаки покрај сниските брегови, вода тече - вода влече селски с'лзи, селски маки селски таги и јадови.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Едно фино саботно утро, стана Ѓорѓија и се сети дека балконот му е преполн со смрдливи кеси ѓубре.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)