Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Водата тивко истекуваше од Езерото. Царуваше чудесен спокој на самиот извор на денот, на светлината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)