При секоја средба со палестинскиот водач не престанувам да си го поставувам прашањето: кој беше вистински и суштински овој човек што со својот човечки живот, лимитиран со време и моќ, да ја води својата, на моменти донкихотовска борба за создавање на независна Палестина, и кој си го беше жртвувал однапред животот за големата цел!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)