Тоа е распределување на стресот, во подолг временски период, со што се олеснува интензитетот на вознемиреност во дадениот момент на случувањето.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кариби ли, на Балканот? Во Варшава, значи, Хана и Леон заминаа веднаш по свадбата која се случи во синагогата во Гдањск во присуство на најблиските роднини на младоженецот, во ритуалот во кој на двапати му падна јармулката, обредното капче што стои на темето во сите свечени мигови од животот на еден Јудеец, што внесе додатна вознемиреност во и онака нервозната атмосфера која владееше и пред, но и низ свадбениот ритуал.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајка, пред да влеземе во Татковата соба-библиотека, очекуваше да ѝ ги откријам причините за мојата вознемиреност во врска со сиџилите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)