Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беа сами. Беше и тој сам на своето дрво. И волкот беше сам под него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот беше тука, Сталин не беше далеку, но нашите кози не беа сами.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Волкот беше тука и не можеше ништо да се менува. Судбината си беше судбина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Волците беа стасани да го освојат целиот негов круг, заедно со ноќта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)