Грците пратиле владици грци, лицем Светци – срцем влци кои млзеле до крв.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мудро, како стар волк кој го чека првиот плен за напад.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во себе сѐ уште беше волк кој беше дојден по пленот кој се оттргнал од неговите канџи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)