Околу зори Нешка задрема за да се разбуди повесела од вчера, попргава, помила и работна. Тоа ѝ даде сила и волја да работи, да се смее, да пее, да игра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ја зајакнуваше и волјата да не заплаче, да не тропа на вратата да бара да го пуштат, ослободат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Според Емил Сјоран да се мине од волјата да се биде прв во државата до состојбата да се биде последен, значи да се мине низ мутација на гордоста, да се замени динамичната со статичната лудост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Необична симетрија! За да се стане човек на политиката, односно да се има тирански предиспозиции, бездруго е потребен некаква ментална попреченост, а и за да се престане тоа да се биде потреба е друга попреченост: зарем не се работи, во суштина, за делириум на величина?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сега се заканува трибализмот, или мислењето од стојалиште на припадност на племето, значи, тенденција кон егоизам и волја да се дефинираме порекнувајќи го другиот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега, сосем оправдано, се поставува прашањето за мотивот и намерата на ваквото, на моменти и шесткратно зголемување на глобите – дали тоа беше искрената волја да се запре со перманентното повредување на работничките права, или, пак, да се наполни државниот буџет, и тоа од ставката на т.н. неданочни приходи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Учителот многу ме засака, постојано ми даваше волја да учам, и бев една од најдобрите во одделението па веќе не се плашев толку од него.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Впрочем, и не беше неоправдано
на потчинетите да им се обраќаме
со јазик што не го разбираат
јазик без ’рскавица
без срце, без папок
при секакви прилики
што ја земавме истата нула
истиот обрач
го растегавме како сува кора на стварноста
и додека пукаше, секогаш рапаво
се грозевме и едните и другите:
народот, од што беше чувствителен
ние, од што нè обземаше страв и
претерана волја да биде по наше.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
-Во својата алчност тие од производството и продажбата на оружје направија економија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-За профит тие го загадија воздухот, реките, морињата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)