Значи, токму сега му е времето да се мисли за нашиот јазик, нашата национална литература и воспитувањето во национален дух.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не верувам дека религиозната страна на езуитското воспитување во она време делуваше на мене толку многу колку нивната строга дисциплина”. 18 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)