Поточно, причините поради кои се води војна го променија својот редослед по важност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тука е потребно да го повториме она што беше кажано порано, имено дека станувајќи постојана, војната го промени својот карактер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Откога го посетува Советскиот Сојуз, кога е во искушение таму и да остане, и поминува уште една година во својата колиба во Норвешка, Витгенштајн се враќа во Кембриџ 1937 година, а една година подоцна, кога Германија ја анектира Австрија, станува британски државјанин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1939 година е избран да го наследи Мур како професор по философија, но поголемиот дел од војната го поминува како воен болничар во лондонската болница, а потоа во истражувачката лабораторија во Њукасл.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Ова село до пред војната го носело името на австрискиот цар Франц Втори и се викало Францфелд. Било населено исклучиво со Германци. Само нивните слуги биле од негерманско потекло.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Граѓанската војна го потсетува на Егејците-бегалци со кои на времето убаво се дружеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Крајот на Третата македонско-римска војна го означил и крајот на постоењето на Македонското царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Не е случајно што филмот е снимен според мотивите на два раскази на Somerseth Maugham за „Ashenden” (алтер-его на писателот, зашто самиот Мом во текот на Првата светска војна работел како англис ки агент и во 1917-та година бил испратен во Русија да ги спречи болшевиците да ја преземат власта!): Мом и Graham Greene беа оние кои меѓу двете војни го извлекоа шпионскиот расказ од црно-белите патриотско-садистички визии и внесоа во него момент на трагичното егзистенцијално искуство: шпионажата е валкана игра затоа што во неа, во име на патриотските „високи цели” не се манипулира толку со туѓите, колку со сопствените агенти, така што честопати одново нè присилува темелно да ја испробаме „човечноста” на другиот од другата страна на политичко-идеолошките разлики, некојпат и во трагичен облик зашто во име на тие разлики принудени сме да го негираме тоа „човечко”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Еднаш, на млади години татко ми спасил глава со еден таков златен наполеон кога една странска војска за време Големата војна го затворила поради немирењето со новиот окупаторски режим.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Всушност беше малку заостанат, во почетокот на војната го излажале, отишол во четници.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дали војната го направи такво времето, или таквото време ја донесе војната! Широка и бескрајна, како зимата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На 14 јуни 1986 Борхес почина во Женева, каде што е и погребан.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во 1921-та се враќа во Аргентина и со татковска помош 1923-та ја печати својата прва книга, збирката песни Одушевеност од Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потоа следат: Истражувања, Месечина преку патот (1925), Обемот на мојата надеж (1926), Јазикот на Аргентинците (1928), Бележницата “Сан Мартин” (1929), Еваристо Кариего (1930), Расправа (1932), Општа повест на срамот (1935), Историја на вечноста (1936), Класична антологија на аргентинската литература (1937), Антологија на фантастичната литература (1940), Градина со патеки што се разгрануваат (1941), шест проблеми за дон Исидор Пароди (1942), Измислици (1944), Узорна смрт (1945), Ново побивање на времето (1947), Алеф (1948), Видови литература за гаучосите (1950), Стари германски литератури (1951), Други истражувања (1952), Приручник на фантастична зоологија (1957), Маседонио Фернандез, Музеј, Создавач (1960), Други, исти (1964), За шест жици (1965), Хрониките на Бастос Домека, Увод во северноамериканската литература (1967), Книга на измислени суштества (1968), Пофалба на сенката (1969), Бродиевиот извештај (1970), Конгрес (1971), Златото на тигровите (1972), Книга од песок (1975), Длабока ружа (1975), железна паричка, што е Будизам? (1976), Историја на ноќта (1977), Кратка Англосаксонска антологија (1978), Борхес во збор (1979), Седум вечери (1980), шифра (1981), 25 август 1983, Девет есеи за Данте (1982), Атлас, okno.mk | Margina #32-33 [1996] 204 Завереници (1985).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За време на последните години на војната го завршува лицејот и заминува за шпанија; под влијание на тогашните “ултраисти” (кои, заедно со некои други, пред повеќе од пола столетие одредени историчари на хиспанската литература ќе ги опфатат како “постмодернисти”, што била прва употреба на овој израз во книжевната историја), ги пишува и објавува првите песни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)