Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега го нема споменикот. Во Второто бугарско, во 1942, во летото, кога дојдоа во Потковицата божем за да вршат маневри, бугарските војници го разурнаа, со топови го гаѓаа од Коритница, од Плоштина и од Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш нашите војници го ликвидираа Алекса Брчето, го фатиле, наоружен и во фашистички облечен, како оди за да им се придружи, кај Германците на Чауле, а Анѓеле веднаш си ја прибра Митра назад, го распрчка гробот, ја откопа рубата и ја однесе во Одборот - за да ја благослови лично командантот на војската.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој можеше да види дека тие се плашат од сѐ и сешто, а стравот е нешто што секој војник го почитува.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Војниците го засакаа новиот систем.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Прекинатото чувство на „изгубен Германец“ (изрека останата од времето кога еден источен македонски град, опкружен со планини, германските војници го нарекле „крајот на светот“) бараше да излезам од рамките на својата еднонеделна потрага по одговорот на големата сложувалка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Најзабавен на Еда му беше Глувиот, Марко Кравата, еден провинциски бистар мангуп од Гевгелија кого војниците го завикаа Глувиот затоа што тој симулираше дека е глув.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Му се чинеше како сето ова што тој ден како војник го доживуваше веќе помина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе се наведнеш, ќе се исправиш и веќе војникот го нема.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На прозорецот учителот протна бело шамиче, и откако пукотите однадвор се стишија, ја подотвори вратата и почна да излегува со жена му и сина му; но пукотите одново згрмеа во нив и тие се струполија на прагот; потоа бугарските војници го заобиколија училиштето, се довлечкаа до прозорчињата од вибата, протнаа неколку бомби и ги замолкнаа пукотите внатре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Беренц му даде знак на војникот да се повлече. „Би сакал да го чујам Вашиот коментар во однос на листата што ја барам”, го упати Беренц погледот кон владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некој почука на вратата и по одобрението од Беренц, еден војник го внесе кафето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но војниците го задржаа бесниот налет на раздразнетата толпа, и ги одведоа врзаните бунтовници пред кадилакот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во дворот пред општината, војниците го држеа Славча и страшно го маваа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Луѓето се собраа и гледаа изненадено. Еден од војниците го прашуваше нешто, но Славчо молчеше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Збунети жени трчаат нагоре-надолу. Викаат и лелекаат дека војници го запалиле селото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Овдека, вапери сме ние, му велам, а војникот го собира челото, образите, размесува некакво тесто на лицето. Си прави ситни џебурки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Војници го навирале носот и им тече ко кладенче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)