Гневливо бодинаат коњи, претрчуваат низ селските сокачиња и викаат: - Бегајте! Бегајте! Грчката војска доаѓа! Бегајте!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бегајте! Бегајте! Бегајте! Скрши фронтот! Грчката војска доаѓа и се живо што ќе најди ќе коли и ќе беси!!!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)