И успесите на славниот Ханибал над регуларните римски војски не се резултат на ангажирањето на слоновите, туку најмногу на успешните борби на мерценерите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Ај, мајката, зарем никој ништо не им може; зарем војската не може да им го најде крајот?!“ зборуваа луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нивната стратегија од самиот почеток на вистинската вооружена борба против окупаторот, сѐ додека под налетот на западните сојузници окупаторските војски не почнат да се повлекуваат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Само војската не е доста, како што не е доста ни задоволството на малцинството од населението.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)