вработи (имн.) - во (предл.)

Љупчо имаше шеесет и три години, Стојан без никаков проблем победуваше на плебисцитот кој на секои четири години го организираше, за на народот да му ја потврди укажаната доверба, а неговиот помал син Александар, предаде молба за вработување во државниот Секретаријат за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кој Владислав, ќе се растрчаат,оној заменикон-министер, или оној директорон на банката, тој мора да е, има син за вработување во дипломатијата...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но ти не изгледаш нималку загрижена во својата дебелка оголеност, само со прерамка преку рамото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ваквата новонастаната обврска за странскиот работник е во контрадикција со веќе утврдената домашна легислатива, која утврдила овластен орган (Управата за јавни приходи), кој ја потврдува околноста дали некое лице ги намирило своите обврски и ваквата обврска не може да им се наметне ниту на домашните работодавачи кои вработуваат странски работници, ниту на странците што бараат вработување во РМ, со што ваквата формулација чекори на работ на неуставноста; б) дополнително беше утврдено дека при истек на дозволата за работа на странецот не смее да му се издаде дозвола за вработување или лична работна дозвола без тој привремено да престане да ја извршува работата во државата, а доколку барањето се поднесува пред истекот на важноста на дозволата за работа и странецот ги исполнува условите предвидени во овој закон, во тој случај издадената дозвола за работа ќе биде укината, а новата дозвола за вработување т.е. личната работна дозвола ќе биде со рок на важност на претходно издадената дозвола за работа (чл. 3 од ЗИДЗРО/фев.14). 4.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како дополнителен заштитен механизам во иднина умесно би било да се воведе и одредена санкција (глоба) за работодавачот доколку не го запази овој и онака предолг временски рок; б) кај видовите на договор за вработување (на неопределено и определено време) најпрво дојде до дефинирање на поимите работник на определено време – „лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан“ и работник на неопределено време – „лице со договор за вработување на неопределено време“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/ септ.10), а се додаде и нов појаснувачки став дека оној договор за вработување во кој точно не е утврдено времето за кое е склучен истиот, ќе се смета за договор за вработување на неопределено време (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10); в) со измените од јануари 2012 година се предвиде дека наместо дотогашната обврска на работодавачот да го чува договорот за вработување во работните простори каде што работи работникот, по ново тој тоа треба тоа да го стори во своето седиште (чл. 2 од ЗИДЗРО/јан.12); г) содржината на договорот за вработување претрпе три измени, една позитивна, а две на штета на работникот: 18 ● со измените од септември 2010 година во чл. 28 се додаде нов став кој предвиде обврска на работодавачот во договорот за вработување да мора да вметне одредби со кои ќе го информира работникот за ризикот кој го носат работните места, за посебните стручни квалификации и познавања, како и да го информира за ризиците кои согласно законските прописи би можеле да настанат на тоа работно место (чл. 10 од ЗИДЗРО/ септ.10); ● диспозитивната норма која им даваше можност за избор на „договорните страни“ да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот при решавање на одделни прашања, доби нова формулација со обврзувачки карактер, односно сега при решавање на овие прашања двете страни треба да се повикаат на овие акти и договори, но само онаму „каде што е соодветно“!? (чл. 10 од ЗИДЗРО/септ.10); ● се воведе нов чл. 28-а кој ги регулира измените на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Главата V од овој Закон, која носи наслов „Видови вработувања во јавниот сектор“ не е усогласена со главата II - „Посебни одредби од Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија“. 65 Посебно како прашање се наметнува потребата од прецизирање на „поимите” и утврдување на „дефиниции” за „договор за вработување” и „решение за вработување”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повторното пријавување во Агенцијата по бришење од евиденција- та на невработените лица по истекот на една година во 2004 година стана можно и во случаите кога невработеното лице кое остварува право на паричен надоместок и право за здравствена заштита не се пријави во пропишаниот рок во Агенцијата и не докаже дека актив- но бара работа во последниот месец (чл. 7), како и во случаите кога невработеното лице нема да се јави или ќе одбие да заснова работен однос соодветен на неговата стручна подготовка кај работодавец кај кого е упатен од Агенцијата или ако одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување во рамките на степенот на неговата стручна подготовка (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, се скрати рокот во кој министерството за економија тре- ба да достави информација до Агенцијата за вработување во врска со економската подобност од самовработувањето на странецот во РМ, од 120 30 на 15 дена (чл. 2), со што се забрзува постапката при барањето на странците за засновање на работен однос во РМ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Вреди да се спомне и тоа дека со донесувањето на ЗВОСН дојде до рекомпонирање на Управниот одбор на Заводот за вработување во чиј 9-член состав е вклучен и еден претставник на мнозинскиот син- дикат, покрај вклучувањето на еден претставник и на организацијата на работодавците (чл. 2-е, ЗИДЗВ/авг.91 и чл. 89, ЗВОСН). 75 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ние, помалите деца, Мајкиното вработување во кино си го примивме само од среќната страна за нас, да гледаме филмови бесплатно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
9.  Одредбите на овој закон [ЗРО], што се однесуваат на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во случаи, односно од причини определени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување (чл. 71, ст.1-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, во поглед на дозволеноста на отказот – како трудовоправен институт, работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот; работодавачот, пак, може да го откаже договорот само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот [лична причина или причина на вина] или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот [деловна причина].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)