вработување (имн.) - ќе (чест.)

Воведена е и можноста за странците кои повеќе од три години работат кај ист работодавач и на исто работно место, нивното вработување да не се поврзува со пазарот на трудот, при што дозволата за вработување ќе се издава без оглед на условите прецизирани за издавање на дозвола за вработување (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова претставува значително подобро законско решение од она од 1997 година, со кое се предвидуваше само тоа дека Заводот за вработување ќе ја запре исплатата на паричниот надоместок на работодавецот ако тој на работникот не му ги обезбедува правата од работен однос (чл. 73, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
65 Дојде до намалување на потребниот период, од 3 на 1 година, за странските работници кои работат кај ист работодавач и на исто работно место, по кој дозволите за вработување ќе се издаваат без оглед на посебните услови наведени во овој закон, а беше и утврдено дека периодот на важност на дозволата за вработување при прво вработување може да се издаде за период до една година, доколку странецот бара да биде придружуван од членови на неговото потесно семејство, со доставување на писмена изјава до АВРМ, во која ќе бидат наведени членовите на потесното семејство кои ќе го придружуваат (чл. 2 од ЗИДЗВРС/март.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)