време (имн.) - има (гл.)

Мими: Ова е лудило! Овие се луди!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Еди, колку време има како некого не си казнил на овој начин?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку ли време има откако сум вака изгубен!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чист е онолку колку што еден цртач на стрипови може најмногу да биде, а во исто време има големо јавно влијание, иако не на истото ниво како Симпсонови. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во тоа време имаше многу жени писатели: не сум против тоа, но Ребека е приказна на која ⥊ недостасува духовитост.” •Сепак, тоа е многу чуден филм. •Хичкок: „Чуден, да.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Па, доста добро. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа беше начин тоа да се претстави од гледиштето на главната хероина: таа никогаш не знае каде се наоѓа г-ѓата Денверс и со тоа сѐ е пострашно; да се види г-ѓата Денверс како оди, тоа би ја направило похумана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се помни, не дека не се помни, дека на градскиот плоштад на времето имало скулптури од чисто злато на сите билки и животни од крајот и дека тие тешки таман колку што може да тежи златото еден убав сончев ден колективно отпловиле преку којзнае колку мориња да го пренесат сјајот на конквистадорите на кои кога ќе се врателе дома мајките им викале: златни на мајка!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мајка ми секогаш зборуваше: „Мило дете, да ги нема богаташите (некако, сепак, веќе во тоа време имав извесни мали идеи), да нема богаташи ние ќе немавме што да јадеме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Македонските партизани во ова време имаат висок морал и за прв пат навистина имаа офанзивен дух“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во тоа време имало околу 10.000 партизани без оружје и прашањето за нивно вооружување било постојано потенцирано од Илиќ на капетанот Ламби. 246
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
У тоа време имаше една стоковна куќа со една марка на патики Симод и една марка на трењерки Јаса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едно по едно доаѓа и цело време има по нешто, а не све во едно време, а после ништо.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кон времето имаше исто чувство какво што имаше кон бочвата, што беше наполнета со неговото домашно и одлежано вино и беше сместена в земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неочекувано, за време на новогодишните празници, сопружниците открија дека веќе немаат две исти чинии во станот иако до скоро време имаа два цели сервиси, ако не се сметаат разните распарени чинии.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, нам не ни е до хотелот и крапот, туку до еден значаен настан што во воено време имаше место во селската црква, Света Недела (Голема Богородица).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исто така по неа може да се проследи на која варијација или на кој дијалект во кое време имало поголема литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Време има, но пари нема. - продолжи нервозно Ружа, сама со себеси - Па не ли гледаш дека одвај врзуваме крај со крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вечерта, кога му раскажуваше каде сè била, на мајтап му го спомна и оној стан, какви што во тоа време имаше на секој најгорен кат изграден нерегуларно, а ги викаа „чардак ни на земја ни на небо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многумина од Потковицата, од околните села и од градовите, бегаа таму, во Грција и преку море, па на тоа и сè остана - да се чека и да се види што ќе донесе времето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа време имаше такви работи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тие два вечера момчето од старио што го врати од планина, никако не прогоорило со старио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МРЗЛИВИОТ ЧОВЕК Едно време имало еден човек многу мрзлив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ја се надеев тамо да је пораат одовде, туку тамо било уште помачно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Шетајќи, му пошол патот да врват покрај некој старец што си орал нивата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во старо време имало адет во едно царство, откоа ќе остареел чоек многу и не ќе можел веќе да работи, да го однесат на една планина за тамо да умри од глад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа зеле заповеста царцка, сите беа се собрале кај царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во записиве од османското време има работа за подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А во исто време имало мал број луѓе, само неколку илјади - ги нарекувале капиталисти - кои биле богати и моќни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За сето тоа време имал намера да го промени името над излогот, но никогаш не стигнал да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Во последно време има многу чај. Веројатно ја имаат заземено Индија или нешто слично“, рече таа неодредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
13 А, пак, договор за вработување на определено време за замена 12.  Имено, се случија парадоксални ситуации – сите оние што биле евидентирани како вработени на определено време имаа право на добивање паричен надоместок, зависно од должината на нивниот стаж; а оние, пак, кои биле водени како вработени на неопределено време, што на прв поглед се чини поповолно, немаа такво право!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Преданијата велат дека вулканот потекнува од змеј. Во старо време имало некој змеј што правел големи пакости на селото, на луѓето; им го јадел бериќетот и им ги земал најубавите девојки за жени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пол Морисеј и Фред Хјуз во тоа време имаа најголемо влијание на нашиот живот во Фектори и секако, и едниот и другиот имаа своја идеја како би требало да изгледа новата Фектори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гледаше скаменет и пресметуваше уште колку време има да се исцрта сигурен црвен рез преку грлото на човекот и да провлече низ него спасоносно сребрено цевче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луѓето си бркаа работа, патролите одеа и се враќаа, но за цело време имаше барем десетина околу мене што ме слушаа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гледаше Висар и кон планинскиот процеп каде што завршуваше езерото и каде, како што му расправаше баба му, во старо време имало бесмртна вода.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со паѓањето на Советскиот блок и распадот на поранешна Југославија, 1990-те повторно ги оживеаја крвавите обиди да се „исколчат“ ексклузивни и неспорни државни територии, како остаток од „големата фикција“ на геополитиката на 19 век, имено „дека сите нации имаат право, ако не и судбина, да владеат во свои национални држави, на своја сопствена територија“.17 Историски гледано, границите долго време имаа улога (и се засноваа) на етнички и религиозни разделници. 16 Во овој поглед постојат значајни разлики помеѓу Азија, од една страна, и Африка и Америка од друга.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Уште малку време има за некои прашања...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Такви како Војнета во Ливаѓе и од Брезница тој уште од партизанското време имаше по сите села, а тие си знаеја дека од Сврделот им зависи дали ќе бидат со поголема или со помала власт во своите села, кому ќе му продадат кому не боречка пензија, пасош за во странство и многу други таквите работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние бевме фасадата зашто во тоа време имаше луѓе кои немаа некоја функција, но чие влијание во донесувањето на одлуките беше чесно не само поважно туку и решавачко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)