време (имн.) - размислува (гл.)

Тој смисли и можна типологија на подрачјата со најмногу заемки, без да го извести за тоа Камилски, кој исто така трагаше по излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време размислуваше како да излезат на крај со сложената мисија која сѐ повеќе и повеќе ги одвлекуваше во лексичкиот бескрај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Климент Камилски долго време размислуваа по читањето и заедничкото коментирање на книгата Бувар и Пекуше, пред да започнат со нивната потрага по опасните османизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго време размислувам за мајчиниот аманет пред патувањето да се видам со нејзиниот преостанат брат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Или тој нема да те разбере, и можеби ќе те праша, на кинески, какви тоа чудни звуци испушташ (или можеби тоа целосно ќе те игнорира, бидејќи цело време размислува за одговорот на твоето претходно прашање)?“ okno.mk | Margina #3 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И зачекоре по таа крвава трага, со пушката преку рамо и тешко пробивајќи се, сѐ додека самјакот не почна да остава зад себе пак една добра разгазеност, кога престанал да скока, а за сето време размислуваше каде би можел да го очекува сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко ми долго време размислуваше, што е вистина, особено кога замина Чанга – зошто ги убиваат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Јас веќе долго време размислувам за тоа и јас да станам Ракетар“, реков. Не ме слушна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се отсели Тане, а Оруш долго време размислуваше што да прави: да продолжи ли да ја гради куќата или не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)