А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На Илинден се собравме под сенките на старите дабови на црквата Свети Илија. Намислувавме за времињата крвави и горди.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Криво ни сведочеа и безбојно не пишуваа, сал мрачен облак ширеа над нас, разделница ни ископаа, со измами и ветувања не прегрнуваа и во сите времиња крвава постела постелуваа под нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)