врска (имн.) - ќе (чест.)

Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)