Куќата беше вулкан кој секој момент можеше да избувне.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Чувства со интензитет на вулкан кој избива, а сè уште не е оладена старата лава.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Човечките солзи не се слабост, немоќ, тие се еруптивен вулкан кој избувнува со целата своја сила, откривајќи го сето она што цело време било потиснувано и тлеело под површината на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Како што стравот во мене расте така полека сфаќам дека ова е привид, дека јас се наоѓам врз вулкан кој туку што не почнал да блуе црвена, крвава лава и сакам да побегнам, што побрзо да побегнам оти веќе слушам подземјето татни.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)