Вулканот Везув во Италија кога избувна, уништи три града; вулканот Каракату однесе илјадници луѓе; вулканот на Мартиник исто така; та Мајон на Филипините, та Асама во Јапонија, та Калима во Мексико, та Келуд на Јава и другите вулкани во Индонезија и во други земји...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во следниот момент виде некаков голем вулкан во ерупција кој поради стрмнината на падините заличуваше на пенис.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Почитателите на поповото враќање во минатото се сомневале дека така едноставно се умира без куршум и без тресок на железна круша со мал вулкан во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бладањето и згрутчувањето на крвта во ноздрите на тројцата чумосани, потоа скоро бесвесното умирање и видливото загнездување на смртта во зјапнатите челусти - ги прогонеле од миг до миг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Уште одамна Мил сакаше да појде и да престојува кај некој активен вулкан во светот за да го проучува ова прашање, да дојде до некои непосредни податоци за катализаторите што го помагаат овој процес и што би му помогнало полесно да ја оствари целта.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)