И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вујко му тогаш пренесуваше со своето добиче камени плочи за предворјето и го беше повел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но тамо е вујко му Ѓуро и сигурно ќе го доведе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Му ја знам намерата на Мино! – рекол вујко му Милос.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Чекаше да биде готов вујко му и гореше од желба што побргу да се јави на Слива и да ги види витолишките планини, покриени со вечно зеленило, а под нив селото, покриено со редок дим од двесте огништа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И Веле од првиот миг почувствува дека велгоштанецот му е близок, поблизок дури и од вујко му Аргира.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)