галеб (имн.) - кој (зам.)

Надежта му ја засилуваа токму овие бели галеби кои успешно ја прелетале границата, херметички затворена по граѓанската војна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги забележа, убаво ги препозна галебите кои доаѓаа од јужното море.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вниманието, за миг, му го одзеде јато бели галеби кои слетуваа крај реката продолжувајќи го потоа летот кон ѕидините на тврдината. Lетот на галебите, во мислите, го водеше кон југ, му ја оживуваше надежта дека ќе биде можно, еден ден, да го следи новиот крак на патот на јагулите, кон морето и кон океанот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Погледот му запре на белите галеби кои се наоѓаа на малото островче на реката, бездруго долетани од блиското море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ги гледаше ретките галеби кои низводно, по реката во ризичен лет, стигнуваа од брегот на Средоземното море, од солунскиот залив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во далечината, на мало­то островче од реката, ги забележав белите галеби кои беа долетале од солунското пристаниште. Мислите ми беа со Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Минаа времињата, како еден прелет на галебите кои се оддалечуваа во хоризонтот. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку пати го следеше, во куќата крај реката, летот на галебите кои се враќаа кон морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)