Не е само страдањето на жените тоа што машката геј-култура го претставува како смешно: машката геј-култура исто така и пред сѐ се гледа токму себеси и го гледа токму сопственото страдање во тоа искривено огледало на една обезвреднета женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дајер упатува на низа примери во кои машката геј-култура го третира стилот како вреден, додека содржината ја оградува како неутрална или тривијална:
Геј-мажите имаат направено одредени „стилски занимања“ да станат во голема мера нивни (или барем така да се поврзуваат со нив, дури и кога според бројот на гејовите што навистина работат во тие занимања не мора да значи дека е така): фризерството, внатрешното уредување, модното креаторство, балетот, мјузиклите, ревијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но геј-мажите не се одговорни за тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, самите геј-мажи се жртви на културниот симболизам на женственоста – иако тие од него страдаат поинаку од жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но таа нагорна општествена подвижност не е нужно буквална.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Антисоцијалниот вид естетика на машката геј-култура го усвојува тој симболизам за да го оспори.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што бргу објаснува Бартлет, нагорната општествена подвижност и самата е метафора.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако машката геј-култура го зајми омаловажувачкиот културен симболизам што е сврзан со женственоста и ако дури и ужива во тоа, тоа е така затоа што во женствената идентификација гледа стратегиска можност, која со радост ја користи – можност да ја обессериози сериозноста со која нашето општество ги третира сопствените родови конструкции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да добие облик на копнеж за богатство и за општествена повластеност, но нејзин белег е стремежот да се оствари позадоволителен начин на живеење, живот во префинетост, во углед и во задоволство; не се стреми кон општествена надмоќ заради самата општествена надмоќ.
Ако машкиот геј-естетизам поттикнува идентификација со повисоките сталежи, тоа е затоа што машката геј-култура го претпочита задоволството повеќе од употребноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одново и одново во примерите што ги наведов излегува дека токму од жената машката геј-култура го презема екстравагантниот, историски стил на емоционален израз, го пародира и си го присвојува како средство за поединечно и колективно машко геј-себеизразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)