Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат.
Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова објаснува и зошто машката геј-култура нѐ поттикнува да се смееме на ситуации – како оние што се прикажани во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – кои се ужасни или трагични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа значи да се постигне одреден степен на противтежа во однос на нив, истовремено признавајќи им ја натамошната способност да ги диктираат условите на нашето општествено постоење.253 Ова објаснува зошто машката геј-култура еволуирала тешко дофатлива културна практика и начин на перцепција, познат како камп, кој подразбира да не се сфаќаат сериозно, буквално и неиронично самите нешта што се најважни и што предизвикуваат најмногу болка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби изгледа дека машката геј-култура нѐ наведува да се смееме не на ситуации што општо земено се ужасни и трагични, туку на некои ситуации во кои жени, од Малечката Нел до Џоан Крафорд, се појавуваат во особено страшни и трагични околности – изложени, навредувани, изневерувани, понижувани, напаѓани, хистерични, на умирање, во оплакување, без контрола.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во децениите по Милдред Пирс Крафорд се обидела да го искористи успехот на тој филм, специјализирајќи се за слични улоги и правејќи ги свој заштитен знак, личен белег, определен со единствена комбинација од гламур и абјектност (односно, крајна, обезвреднителна пониженост).178
Дали, тогаш, машката геј-култура нѐ учи да ѝ се смееме на Крафорд?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)