Предметите од културата што не содржат експлицитни геј-теми, кои не ги претставуваат геј-мажите, туку им даваат на геј-мажите можности да ги колонизираат и да ги претворат во преносители на настрана афирмација за нив се неминовно заводливи: нив геј-машката геј-култура постојано си ги присвојува и ги преобразува за настрани потреби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“375
Но, ниту тоа не е баш целата приказна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одбива геј-љубовта да ја обуслови со успешно подражавање на мажественоста, било да е тоа сопствената, било да е онаа на дечкото, и ја одбива сегашната склоност во машката геј-култура постојано да се креваат мерилата за прифатливата геј-мажественост, со кои се налага геј-пожелноста да зависи од сѐ поочајни изведби на тапата, брутална, неиронична мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај многу распространетото убедување дека машката геј-култура постојано застарува, излегува дека со текот на времето се сменила многу помалку отколку што сакаме да тврдиме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-ослободувањето, всушност, не било толку успешно во напорот да ги преработи субјективните животи на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено, тоа настојува дека таквата неавтентичност не е неспојлива со геј-љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа значи да се откажеш од сите претензии кон мажествена автентичност и од еротското признание што оди со него и на кампски начин да одбиваш да се удостоиш на сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, тоа покажува дека неавтентичноста не е погубна за љубовта, дека сериозноста не мора да претегне над ироничноста за да може да вирее и да опстои љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)