Јаката му наликува на раширено ладало и главата стои врз неа како одсечена; сонот го позајми неговиот лик за оваа улога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во главата стои твојата гордост, ако ја скршиш главата, гордоста ја нема, тебе те нема, светот го нема, ништо нема.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)