глава (имн.) - го (зам.)

Пробелените ретки коси на неговата глава го обележуваат тој долг пат изминат во служба на науката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Или бил уморен, или глава го болела или некоја грижа си имал.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Влечејќи ги нозете по нерамната калдрма Петар тивко ги поздравуваше и со накривена глава го слушаше нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Црвената светилка во главата го предупредуваше дека нешто ќе се случи, но не знаеше што.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои подзастануваа, други со наведнати глави го врвеа патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Под главата го чувствуваше правилниот ритам на неговото срце, кое чукаше во ритмот на нејзиното дишење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За жал, и двајцата со глава го платиле освојувањето на Русија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно тргајќи се од јакиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно трагајќи се до јакиот жилав врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И штотуку го рече тоа, синиот пајак со златна глава го снема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Опишувањето на она што го гледав одејќи од реката кон кулата, синиот пајак со златна глава го сфати како игра на зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Глас се разнле низ Европа: „Без прекин и без замор Рокамонболо нива копа, Ќе засади семче само!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се изгуби како и пролетта со сето свое шаренило пред малку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Постојано на главата го носеше дупнатиот шлем од Темелко што го донесе од Солунскиот фронт и маршираше по сокаците удирајќи со нозете колку што може и поздравувајќи го секого што ќе поминеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само што мигнал малку, нешто главата го болела, пред еден ден имал тешка операција во болницата и од тоа уште не можеше да се ослободи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но зошто главата го боли?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И што имаше по некој каурин, уште рано продаде што продаде, купи што купи и како без глава го напушти пазариштето да не го фати пладнина в град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не лути ни се, чичко! и го влечи малиот понатаму, ама во главата го понесува и сувото и жолто човече.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
До пладне сите вагони беа нагнетени и црната глава го исписка знакот за тргнување.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во главата го бев понел и сиот оној план грижливо создаден во спомнатата самица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грофот седеше зад бирото и првиот мој впечаток беше дека е зафатен со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шоферот на автобусот со удар на француски клуч по глава го внесува назад.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Со глава го удри меѓу очите. Еден, два удари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Користејќи го планот за пишување Дневник: езерото Ема, во текот на возењето во главата го формулирав исказот со одреден број зборови. 52 Margina #10 [1995] | okno.mk Кога тој се вообличи и кога можев да го повторам, свртев од патот, го напишав и го продолжив патувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак, пораката што му наиде во главата го загрижи во поглед на неговото творечко реактивирање...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)