Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Одкога ја клоцна главата ѝ се стркала удолу, го фати патот кон долот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Ова „откачи“ во главата ѝ одекнуваше како там, там, та та там. - Каде е, каде е?! Некој, сепак, мора да знае!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И веднаш во главата ѝ се сврте метеж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Низ главата ѝ мина мислата: колкава ли е плејадата убавици престојувале на ова место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во главата ѝ се мешаа безброј идеи, но како да го направи тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во главата ѝ мина само една силна и убава мисла.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
При нишнувањето на главата ѝ се нишнуваа и долгите златни обетки одблеснувајќи на светлоста. Ѝ блеснуваше и ѓерданот при помрднување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со скромна става ем покорна глава ѝ објаснувам дека сите тие податоци се одамна наведени и дека само чекаат некој да ги сублимира... а длабоко во себе пирувам дека мене прв ми текна ваков заклучок!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Таа вкочането гледаше во неа со вдахновена длабина и јакост, така што во главата ѝ светна помислата дека, и покрај сѐ, змијата може да е вистинска и дека е подобро да побегне.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како секавица низ глава ѝ мина помислата дека згрешила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Чекаш некого?“ Главата ѝ беше нурната надолу и не го ни погледна, па неговиот допир ја изненади.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Жената лежеше на грб, главата ѝ беше свртена на десно, а рацете ѝ беа положени на мевот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Главата ѝ станува тешка, чувствува стегање на прстен околу клепките и додека во неа продира слаткото фрчење на носињата на внуците, Костадин лелујаво си го зафаќа синоќешното место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мажот на Добра кога таа ја крена главата ѝ шепна Дине со тајфата стигна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Потоа наеднаш главата ѝ падна на перницата но не видов каде ѝ се стркала здивот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Едни велеле да је потсечеет на невестата ноѕете, за да се скусит мало; а друѕи велеле: не, отк'де ноѕете таја си је токмо со прагот, а главата ѝ је повисока, та отамо требело да се поткусит, да је потсечеет глаата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мојата кралица на постела лежи Лек за нејзе нема, главата ѝ тежи Дај помагај бабичке мила Ќе те дарвам со злато и свила.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Лицето гледам ѝ гори. И целата глава ѝ гори, ѝ чади.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што ги носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)