Неда немаше сили да стане. Ја крена главата нагоре и му се спили во очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По него Методија и Србин. Шишман само ја крена главата нагоре молежливо барајќи го погледот на братучедот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Море, крени ја главата нагоре, ми вели Горачинов, гледај малку и пругоре!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја крева и тој главата нагоре, како кокошка кога пие вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Милка ја крена главата нагоре, се сретна со благиот насмев на нејзиното лице (нешто сосема друго наспроти нејзината снага и глас)
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но Кејтеновиот син не признаваше, рече: - Никогаш не сум крадел, - одговори, - нишнувајќи ја главата нагоре, на свој начин и јас со сигурност знаев дека никогаш не крадел и нема да се обиде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Зафати да шета околу селото, по планините, одеше кај оградата од црковниот двор што ја изградија со жена му, удираше со копач да ја урне, ја вадеше капата, ја креваше главата нагоре кон небото и викаше: - Господе, името да ти се сотре!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)