Знаеш што? Еден мариовец му ја грабнал жената на друг мариовец и сака со неа да крши главата некаде надвор од нашата царштина, та сака два пашапорта за Бугарија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Јас сум ја свртела главата некаде, којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)