глас (имн.) - рече (гл.)

-Па, да запееме - со длабок глас рече самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Впрочем, на старецот му се причини дека кај мртовчето, низ неговите нежни очи, сепак пробива безобразие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Спикерот со завршна интонација и повишен глас рече: – Другарки и другари, не треба непријателот да нѐ фати на спиење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се накашла, а потоа сериозно и со свечен глас рече: - Значи, другари, ред е и нашава дружина да има име. - Ура! Иху! - загрмевме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И полека сосема со тивок глас рече: - Газдата денес нареди да ве отпуштам, да ве отпуштам сите!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Да не откаже... - без глас рече мајка ѝ на Викторија, целата стопена од страв...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Прв и, можеби, последен пат, - со тага во гласот рече доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мораме да ѝ ја истиснеме водата! - со необична сигурност во гласот рече Денко. - Триј ѝ ги рацете и нозете!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја... - Ако е така, тогаш одиме, војводо! - со почит и со сериозност во гласот рече доктор Коста. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стрела, Стрела! - со запнат, неприроден глас рече Денко. - Не така! - рече Бојан. - Попријателски, подругарски!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Синко, слушај ме, со сериозност и загриженост во гласот рече старецот, - не барај од мене да те пуштам онаму!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да не сме задоцнети со копањето, докторе? - со сомневање во гласот рече инженер Александар!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тогаш Кети, со љубезен и смирен глас рече, ”Рози, ти мене како ќерка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ване е болен! - со строг глас рече мајка му. - Тој нема да оди в кино!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Мило ќе ни биде да ве чуеме, соседе, - во еден глас рекоа ластовичките. - Вие за зимата знаете повеќе од сите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Пријателе, нека ти е среќна и тебе Новата година! - со трепетлив глас рече Џив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Нејзината мака е најголема, жими тебе“, со сочувствителност во гласот рече баба Севда.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Синот на дедо Васја со скршен глас рече: - Нашиот татко мина долг живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Бакнувајте! Венчето и иконата... Кој не сака, нека си оди! И партиските исто, бакнувајте! - наредуваше таа. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Полека, со трепет во гласот реков: - Ти си апаш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се сврте кон мене и со срдит глас рече: Зар не гледаш, зар не виде оти јас сум ангел, а не старица која чека душа да испушти, да се земјоса...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сетне стана, се исправи Алајко Ошев и со свечен глас рече: Треба ли да ви кажам оти од ова село сум и јас, како многумина големи луѓе, видни и заслужни раководители во највисоката власт, како на пример, брат ми Иљо, внук ми Коце и други...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„А пушкава, чија е?“ „Ние никогаш не сме имале пушки“, со притаен глас рече Онисифор Проказник но веќе сите знаевме чија била таа пушка и чија била пак по смртта на вистинскиот стопан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мажите загинаа в борба, со несигурен глас рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мајко Минадора, викал со рапав глас Богоја Гулабарин. - Безбожен сум. Заклав ранет човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Девојки, тажно е - со леден глас рече Остап.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури е смешно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Власт - тој или ние“, со тежок, злокобен глас рече Марко Проказник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко чашките ги наполни до врв и откако погледна кон очите на Мајка, а потоа и кон Камилски, со ведар глас рече: Ова е голем ден за нашите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со вистинска тага во гласот рече: - Кутриот Лем, кутриот Лем!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со оној ист глас рече: - Верувај ми Леме, - рече тивко, како да ги кинеше зборовите од својата душа, - верувај ми, малечок, еден век мораш да останеш така на тоа место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Да, да, и јас ќе пијам со тебе. Ајде“ со тивок глас рече Атина и излезе од собата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Еден глас рече: „Се прашував дали ќе стасаш ваму жив.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Маријанти со некаков свечен глас рече дека ќе одиме на екскурзија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најтешко му беше кога гледаше како толпата трчаше надолу, накај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одеднаш нагазив на сопирачката. Видов како на мојта глава пролета Високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ајде, ајде, - со смирен глас рече Јован и ѝ даде знак на болничарката да си оди. – Јас ќе ти помогнам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни пријде полека и со тивок глас рече: - Да дојдам и јас со вас?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Комесарот се засркна, силно се искашла и скоро со зарипнат глас рече: - Еве го крајот на заклетвата што никогаш не смеете да ја заборавите: - дека мој идеал е слободна и демократска Грција, напредокот и среќата на мојот народ и во служба на овој идеал го ставам оружјето и мојот живот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ќе морам, низ наметот - несигурно и со страв во гласот рече десетарот и почна со раце да го исфрлува снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа е моја работа. – Ај да си одиме заедно – со молбен глас рече малиот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Погледна наоколу за да се увери дека никој друг не може да ја чуе, и со тивок и возбуден глас рече: - Дознав дека поголемите девојчиња, секој месец по неколку дена, непрекинато мочале крв.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Многу се исплашив кога во нашето купе влезе кондуктерот и со строг глас рече: - Покажете ги билетите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)