За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лице како она на Нико беше како создадено за гледање низ прозорец okno.mk | Margina #15-16 [1995] 123 и преку пустината, во некои далечни хоризонти.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Паѓаше дожд и Пол, Нико и јас од нашиот прозорец од Фектори ја гледавме толпата како ја преминува 47 улица и оди кон ОН.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)