Тогаш Шишман онаков несмасен и несмасно пречекори напред ширнувајќи ги рацете, го собра Љакета во прегратката со целата негова расфрланост и го стегна качејќи му го глуждот во крстот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Нишанџијата седи на камен стуткан во ќошот. Спие. Нозете до глужд во вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наредните денови мислата ти е токму затоа заробена некаде меѓу неа и делото, окупирана ни само со неа, ни само со делото, туку токму заглавена меѓу нив, како глужд во склупца.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го најдов на вратата и отидов по тебе, а те најдов до глуждови во морската пена, твојот свилест грб беше укочен, погледот ти се губеше во далечината.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)