- Какви милјеа? Тоа се реднекс, фашисти, морони, пореметени идиоти што пет реченици не прочитале во животот, луѓе што ја држат оваа земја во заложништво верно гласајќи за онаа ретардирана будала што веќе осма година седи во Белата куќа...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Некои се интернирани, а некои поради одминати години седат дома, многу работат ангарија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ви ја испраќам фотокопираната страница со неколкуте редови на кои веднаш помислив откако прочитав за тоа како тишината ги обединувала вашите родители:
Еден маж и една жена во поодминати години седат еден крај друг во тишина, квечерум пред нивната куќа: и кај едниот и кај другиот, секој збор кој излегува од нив, секој чин што го создава нивниот збор е покриен со тишина; тие, обајцата самите станале фрагмент на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)