И така, нашите јатрви, толку „мили“, толку „драги“ во почетокот, не проживеаја ни три години заедно, ги натераа браќата да се разделат. И се разделија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Александар, ланската година заедно со Влатко беше во тимот којшто ја организираше кампањата за регрутација и не можеше да му се доначуди чуму се трошат време и пари на кампања?
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Пред две години заедно со Дејан мораа да одат на балот за да напишат текст за еден неделник што излегуваше во престолнината.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Потоа тој оди на Одделот за Психологија на Универзитетот во Мичиген...1995-та година заедно со својот тим наречен FARG (Fluid Analogies Research Group) ја 12 Margina #17-18 [1995] | okno.mk издава книгата ФЛУИДНИ КОНЦЕПТИ И КРЕАТИВНИ АНАЛОГИИ (уште не е издадена во Европа) каде се опишани резултатите од истражувањата на фаргонаутите од минатите 10-15 години.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во рацете го носеше свечениот позлатен владички стап.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо. Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници. „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски. За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Си спомнуваш, Хајлендер се викаше еден филм што пред две години заедно го гледавме ја и ти, но тогаш ти беше мал за да ја разбереш неговата порака.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во бродот Галеб беше планирано создавањето на Движењето на неврзаните земји на 18 јули 1958 година заедно со индискиот водач Нехру, со египетскиот претседател Гамал Абдел Насер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во бродот со необична историја беше запрен, колекциониран дел од Титова Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имам впечаток дека со мислите е вратен на онаа ливада недалеку од границата, надвор од селото Трстеник каде во примракот на 25 март 1948 година заедно со своите војници не прифати и не чуваше до наредната ноќ, кога со камиони не однесоа во Корча.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Три пати во годината заедно со сите Густави одеше низ Виена, за да им купи облека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја гледав сѐ поретко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Живеевме веќе со години заедно а тој се што успеа да научи да употребува од нашите зборови, се му го потчини на својот начин на кажување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)